Руски хакери минатата година упаднале во мрежи на електропреносни услуги на САД со што можеле да предизвикаат запирање на системот за пренос на струја, соопштиле претставници на федералната влада според кои, хакерската кампања веројатно трае и сега, објави „Волстрит џурнал“.
Хакерите кои работеле за група спонзорирана од Русија, тврдат дека во хакерскиот напад во 2017 година имало „стотици жртви“, односно дека биле погодени стотици компании.
Хакерите користеле конвенционални средства како заразување со вирус на често сајтови кои одредена компанија често ги посетувала, или – тн „фишинг“ напади кои бараат од потенцијални жртви да дадат лозинки. Потоа хакерите добиле пристап до корпоративните компјутерски мрежи. Тоа им овозможувало да украдат доверливи податоци и да добијат пристап до енергетските мрежи.
Хакерите украле и информации за конфигурацијата на мрежите и за принципите на работа.
Се претпоставува дека хакерите може и да ги автоматизирале нападите – да се извршуваат без учество на луѓе. Сега експерти пртоверуваат дали хакерите успеале да внесат измени што може да предизвикаат уште погоеми штети, наведува весникот.