Во 34 одделенија на Управата за имотно правни работи низ Македонија можат да се поднесуваат барања за приватизација на градежно земјиште. Канцелариите се отворени за прием на барањата секој работен ден, од 7:30 до 16:30 часот.

Со неодамнешните измени на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, се пролонгираше рокот за поднесување барање за приватизација на земјиштето.

Барањето се поднесува во подрачното одделение во општината каде се наоѓа земјиштето.

Во потребните документи за поднесување на барањето е доказот за идентификација на барателот, односно лицата кои се негови наследници според прописите за наследување (фотокопија од лична карта или патна исправа за физички лица), односно извод од соодветниот регистар за правни лица.

Треба да се приложи и документ за правниот основ, односно актот врз основа на кој е стекнато правото на користење на градежното земјиште на кое се однесува барањето за приватизација (закон, тапија, пресуда, договор, решение, одлука на надлежен државен орган и друго). Се доставуваат и податоци за градежното земјиште од соодветната јавна книга, како што се имотен лист од катастарот на недвижностите или поседовен лист од катастарот на земјиштето.

Во подрачното одделение се добива формулар, односно барање кое се пополнува и се предава на вработените.

Во рамки на Управата функционираат одделенијата за управна постапка:

Берово, ул.”Димитар Влахов” бр.10, телефон: 033/470-698 Битола, ул.”Димитар Илиевски Мурато”бр.24б, телефон: 047/237-080, 047/237-070 Валандово, ул.”4 Јули” бб, телефон: 034/382-285, 034/383-020 Велес, ул.”Панко Брашнар” бр.1, телефон: 043/232-569 043/222-096 043/211-332 Виница, ул.”Бел Камен” бр.13, телефон: 033/363-287 Гевгелија, ул.”7 Ноември” бр.49, телефон: 034/215-390 Гостивар, Бул.”Браќа Гиновски” бб, телефон: 042/217-054, Дебар, ул.”Вељко Влаховиќ” бб, телефон: 046/831-577 Делчево, Бул.”Македонија” бб, телефон: 033/412-142 Демир Хисар, ул.“Битолска“ бб, телефон: 047/275-911 Кавадарци, ул.”Маршал Тито” бб (зграда на Општината), телефон:043/418-836 Кичево, ул.”Борис Кидриќ” бр.1, телефон: 045/220-263 Кочани, ул.”Раде Кратовче” бр.1, телефон: 033/274-140 033/271-055 Кратово, плоштад „Павел Шатев” бб, телефон: 031/481-469

Крива Паланка, ул „Свети Јоаким Осоговски”бр.175, телефон: 031/375-008 Крушево, ул.”Никола Ѓуровиќ” бб, телефон: 048/477-090 048/477-024 Куманово, ул.”Гоце Делчев” бб, телефон: 031/426-423 Македонски Брод, ул.”Маршал Тито” бб, телефон: 045/275-791 Неготино, ул.”Ацо Аџи Илов” бб, телефон: 043/371-160 043/363-019 Охрид, ул.”Димитар Влахов” бб, телефон: 046/266-569 046/264-830 Прилеп, ул.”Питу Гули” бр.2, телефон: 048/425-553 Пробиштип, ул.”Јаким Стојковски” бр.3, телефон: 032/484-489 Радовиш, Бул.”Александар Македонски” бб, телефон: 032/635-067 Ресен, ул.”Борис Кидриќ” бб, телефон: 047/451-844, 047/454-895 Свети Николе, Плоштад “Илинден” бб, телефон: 032/440-905, 032/440-717 Струга,ул.”Димче Ковачевски” бр.2, телефон: 046/782-268 Струмица, ул.”Ленинова” бб, телефон: 034/321-543 034/345-352 Тетово, ул. “Дервиш Цара” бб, телефон: 044/340-375 Штип, ул.”Васил Главинов” бб,телефон: 032/386-776 032/385-664

Гази Баба – Скопје, ул.”Архимедова” бр.2, телефон: 02/3134-605, 02/3211852 Карпош – Скопје, ул.“Никола Русински“ бб, зграда 1, влез 1, кат 1 телефон: 02/3 073-397, 02/3 062-282 Кисела Вода – Скопје, ул.”Борис Трајковски” бб, телефон: 02/2 779-064 Центар – Скопје, ул. „Даме Груев“ бр.14”, телефон: 02/3 211-420 Чаир – Скопје, ул.”Бутелска” бр.4, тел: 02/3 211-029 02/2621-485.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2018 11:23