Најмалку 207 лица се убиени во светот во 2017 година, што е најлоша година за екологистите, бидејќи се спротивставувале на рударски, шумски или агроиндустриски планови, објави Глобал витнес.

Податоците се, несомнено, многу под вистинските, вели британската НВО. Тие ги надминуваат оние од 2016 година, кога имаше најмалку 200 загинати.

Жртвите се регистрирани во 22 земји, 60 отсто во Јужна Америка.

Бразил ја доживеа најлошата година со 57 убиства. Мексико и Перу забележаа зголемување на убиствата од три на 15, односно од две на осум. Колумбија регистрира 24 жртви.

Во Африка, на 19 убиства, 17 се поврзани со криволов или нелегални рударски активности.

Четириесет и осум луѓе беа убиени само на Филипините, што се уште не е регистрирано во ниту една азиска земја,

Вкупно четвртина од убиствата (најмалку 46, двојно повеќе отколку во 2016 година) се поврзани со „агробизнис".

Четириесет и четири лица се поврзуваат расправии во рудници (33 во 2016 година), 26 со сечење шуми и рекорден број од 23, особено африкански ренџери, беа убиени во обид да заштитат животните од криволовци.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2018 12:30