САД имаат технолошки најмоќна економија во светот со бруто домашен производ по жител од околу 60.000 долари, пишува хрватски „Индекс“.
Американските компании се водечки во многу области: ИТ, фармација, медицина, авио-индустрија и воена индустрија.
- Како резултат на тоа, некогаш руралната земјоделска земја стана технолошки лидер во светот. Секторот на услуги е значително зајакнат во споредба со традиционалното производство. Масовното производство е заменето со специјализирани индустрии. Флексибилната и високо квалификувана работна сила е еден од основните фактори за економскиот успех на земјата, пишува „Индекс“.
Американците силно веруваат во слободниот пазар. Економијата главно се определува од пазарните односи, односно од одлуките на приватни лица и компании.
Американските компании уживаат пофлексибилна регулаторна рамка за бизнис од поголемиот дел од остатокот од светот во однос на работните односи, финансирањето и воведувањето нови производи на пазарот.