Израелскиот премиер Бенјамин Нетанjaху денеска изјави дека Турција со управувањето на претседателот Реџеп Тајип Ердоган се претвора во „мрачна диктатура".

Нетанјаху тоа го изјави како одговор на изјавата на Ердоган, кој го оквалификува Израел како „најфашистичката и расистичка" држава во светот.

- Ердоган убива Сиријци и Курди и праќа во затвор десетици илјади Турци. Под негова власт Турција се претвори во мрачна диктатура, нагласи Нетанјаху по изјавите на турскиот претседател против усвојувањето на неодамнешниот закон со кој Израел е „земјата-нација на еврејскиот народ".



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2018 13:48