Шведската компанија Икеа одлучи да воведе драстични промени во работењето, по 30 години функционирање.

Компанијата планира да почне да отвара мали градски продавници наместо големите препознатливи центри.

- Мора да одговориме на навиките на купувачите. Затоа наш приоритет ќе биде отворање мали градски продавници и развој на онлајн продажбата, но и достава на производите, изјави Хавиер Квинонс, менаџер во Икеа.

Прва ваква продавница ќе се отвори во Лондон оваа есен. Подоцна овој начин на работа треба да се прошири во други земји.

Икеа не соопшти дали ова ќе значи крај за нивните големи центри.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2018 13:49