Британецот Чарли Роули, кој мина три недели в болница откако беше затруен со нервниот агенс „Новичок“, изјави дека отровот најверојатно се наоѓал во шишенце за парфем, што го пронашол во градскиот парк во англискиот град Солсбери и и го подарил на неговата пријателка Доун Старџис.
- Се сеќавам дека пронајдов шишенце со парфем, кое го зедов и и го подарив на Доун, изјави Роули во интервју за магазинот „Сан“.
Роули (45) и Старџис (44) се затруја со „Новичок“ кон крајот на минатиот месец, по што беа пренесени в болница. Роули го преживеа труењето, а Старџис почина на 8 јули како последица на затруеност со нервниот агенс.
Британските истражни органи се обидуваат да утврдат дали агенсот со кои беа затруени Роули и Старџис е истиот оној, со кој во Солсбери во март годинава беа затруени рускиот двоен агент Сергел Скрипал и неговата ќерка Јулија.