Европската комисија денеска предложи да им се плаќа на земјите членки на Европска унија по 6.000 евра за секој прифатен мигрант, кој би бил спасен во Средоземно Море.

ЕК наведе дека сака да понуди „целосна финансиска поддршка“ на која било земја членка која ќе се пријави да постави контролни центри за мигрантите, во кои ќе се утврдува дали истите имаат право на меѓународна заштита.

Земјите-членки на Европска унија в четврток ќе почнат разговори за таквиот предлог.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2018 15:06