Премиерот Зоран Заев денеска ќе присуствува и ќе се обрати на отпочнувањето на изградбата на фабрика на турската компанија Мурат Тиџарет во ТИРЗ Скопје 2.
Покрај премиерот, како што соопшти владината прес-служба, ќе се обратат и вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за финансии Драган Тевдовски, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Александар Младеновски и Ејул Ѓулсој, директор на компанијата Мурат Тиџарет.