Американскиот претседател Доналд Трамп изрази песимизам во врска со денешните разговори со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, на кои ќе се обидат да избегнат трговска војна меѓу САД и ЕУ..
Трамп на Твитер напиша дека Брисел и Вашингтон треба да се откажат од сите царини, бариери и субвенции. „На крајот тоа ќе може да се нарече Слободен пазар и слободна трговија! Се надевам ќе го направат тоа, но нема““, напиша Трамп.
Американскиот претседател ја обвинува ЕУ за нефер трговски практики и се закани дека ќе ги зголеми царините на автомобили увезени од Унијата.
Комесарот за трговија на ЕУ, Сесилија Малстром, кој го придружува Јункер, минатата недела изјави дека ЕУ подготвува листа на американски производи на кои ќе наложи царини доколку САД воведат царини на европски автомобили.
Европската комисија во понеделникот соопшти дека Јункер не оди во Вашингтон со конкретни предлози за трговските односи.