Американската амбасадорка во ОН Ники Хејли ги критикуваше арапските и исламски држави поради тоа што многу зборуваат за помош на Палестинците, но не даваат пари за тоа.

Хејли истакна дека се работи за Египет, Кувајт, ОАЕ, Алжир, Тунис, Пакистан, Оман, Иран и Турција кои не дале пари во ОН на агенција која им помага на палестинските бегалци.

- Ниту една група држави не е толку силна на зборови како арапските соседи на Палестинците и другите членки на Организацијата на исламски држави, изјави Хејли.

Таа упати критики и до Кина и Русија бидејќи само зборуваат за палестинскиот проблем, но даваат само 350.00 долари (Кина) и два милиона долари (Русија) за агенцијата за помош на палестинските бегалци.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2018 10:27