Во Јоханесбург денеска почнува средбата на лидерите на групата земји од БРИКС, економии во развој во која се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканска Република.

Заканата од се поверојатната светска трговска војна ќе биде во фокусот на агендата.

Рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпин и премиерот на Индија Нарендра Моди ќе учествуваат на тридневната годишна средба.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, исто така, ќе присуствува во својство на претседавач со Организацијата за исламска соработка.

БРИКС е основан во 2009 година и на тој форум се повеќе од 40 отсто од светстката популација. Една од целите е воспоставување противтежа на економските правила што ги наметнува Западот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2018 10:29