Шпанските служби за спасување соопштија дека за само еден ден на Медитеранот спасиле околу 500 мигранти кои се обидувале да стигнат до Шпанија во импровизирани бродови.
Поморската служба за спасување на Твитер соопшти дека 484 лица се спасени во Гибралтарскиот проток и Алборанското море меѓу Шпанија и Мароко.
Според податоци на Меѓународната организација за миграција, во Шпанија од почетокот на годинава до 18 јули преку море стигнале 18.653 мигранти. Од нив најмногу биле од Гвинеја, Мали, Мавританија и од Мароко.
Во обид да стигнат до Шпанија годинава загинале 294 мигранти, а вкупно во Средоземото море настрадале 1.489 луѓе.