САД се поголеми од Белата куќа и претседателот Доналд Трамп, порача денеска на Твитер германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас.
„За мене, САД не се наши противници туку наш најважен партнер и сојузник надвор од Европската Унија. Америка е поголема од Белата куќа. А тоа нема да го смени ниту Трамп. Тој може да твита колку сака“, порача Маас.