Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека се противи на прекинувањето економски односи со Иран.

Говорејќи во Анкара, Ердоган рече дека е спротивно на независноста на една држава да ги прекине односите со свој сосед и стратешки партнер затоа што тоа го бара САД.

Турција увезе три милиони тони сурова нафта од Иран во првите четири месеци од 2018 година, што претставува 27 проценти од вкупниот увоз на енергенти.

- Кој ќе ја загрее мојата земја во текот на зимата?, праша Ердоган.

Американскиот претседател Доналд Трамп во мај објави дека САД ќе се повлечат од иранскиот нуклеарен договор и повторно ќе воведе санкции против таа земја.

Неговата администрација им се закани со санкции на земјите кои нема да запрат со увоз на нафта од Иран до почетокот на ноември.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2018 14:43