Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека нема потреба да одговори на „празните закани“ на американскиот претседател Доналд Трамп.
Рохани ова го изјави на седница на иранската Влада. Тоа беше неговата прва изјава откако Трамп го предупреди иранскиот лидер дека заканувањето кон САД ќе има тешки последици.
- Од некои американски лидери доаѓаат неосновани коментари и празни закани, рече иранскиот претседател и додаде дека „нема потреба да одговара на какви било смешни изјави“.
- Треба да им одговориме со акции, рече Рохани.
Тој истакна дека „најкатегоричниот одговор на нивните евтини изјави“ се „рамнодушноста кон нивните заговори и изборот да се покаже противење на нивните планови и тие да бидат спречени“.