Околу три милиони килограми праски од Росоманско сезонава се извезени во Русија, а се очекува во наредниот период на рускиот пазар да заминат уште до два милиона.

Игор Милошевиќ од Здружението „Росоманска долина” денеска информираше дека и во земјава биле продадени околу три милиони килограми од ова овошје. Во домашните преработувачки капацитети пак, завршиле околу милион килограми праски. Во моментов се бере сортата „крес хевен”, а цената е од 18 до 20 денари за килограм.

- Намалена е побарувачката за Косово. Знаете, претходно доаѓаа со камиони, сега претежно доаѓаат трговци од Скопје по праски во регионов, што е најголем производител на ова овошје, соопшти Милошевиќ.

Тој додаде дека во Росоманско има околу 700 хектари насади со праскови дрвца и неколку пунктови кои вршат откуп на праски за Русија.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2018 15:07