АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола ја известува јавноста дека Блокот 1 на Термоелектраната „Битола” денеска повторно е ставен во функција.
Од РЕК Битола информираат дека по 75 дена капитален ремонт, во утринските часови, постројката била синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем и ги испорача првите количини електрична енергија.
По капиталниот ремонт на Блок 1 на Термоелектраната Битола, започнуваат ремонтни активности на вториот блок кои ќе траат до 10 септември, а ремонт на третиот блок на РЕК Битола предвидено е да се реализира од 10 септември до 15 октомври, информираат од секторот за односи со јавност на РЕК Битола.