Шведските власти денеска забранија палење скара во надеж дека ќе се намали опасноста од шумски пожари, јави новинската агенција ДПА.
Околу 25 активни пожари се проширени на 250 квадратни километри, а штетата се проценува на 100 милиони евра.
Густо пошумената земја е зафатена од суво и топло лето, со најмлаку врнежи во изминатите 260 години.
Пожарите зафатија главно ретко населени места и не предизвикаа жртви.