Повеќе од 220 лица загинаа во вчерашните напади во јужна Сирија, кои ги изврши „Исламска држава“, соопшти директорот на Сирискиот центар за мониторинг на човекови права Рами Абдел Рахман.
- Бројот на загинатите луѓе достигна 221, вклучително и 127 цивили, рече тој и додаде дека бројот на жртвите може дополнително да се зголеми.
ИД соопшти дека извршила координирани напади со самоубиствени бомбашки напади во неколку села и главниот град на провинцијата Суејда.