Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да одмрзне воена помош за Египет во износ од 195 милиони долари, која беше суспендирана поради загриженоста за состојбата со човековите права во Египет, соопшти претставник на Стејт департментот, кој побарал да остане анонимен.

Средствата се наменети за купување на воена опрема, произведена од САД, пренесува БТА.

Со оваа одлука се признаваат „чекорите што ги презеде Египет во изминатата година како одговор на конкретната вознемиреност на САД“ и во духот на зајакнување на партнерството со Египет, соопшти изворот.

Една од причините за загриженост на Вашингтон беше новиот закон кој ја регулира работата на невладините организации, што се сметаше за средство за замолчување неистомисленици.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2018 10:24