Крилото на Барселона, Усман Дембеле е подготвен да го напушти клубот по само една сезона на „Камп Ноу“, вели „Кадена Копе“. Францускиот фудбалер не е во многу добра врска со тренерот Ернесто Валверде и се чувствувал потценет од тренерот. Дваесет и едно-годишниот талент беше привлечен од клубот минатото лето за 105 милиони евра од Борусија Дортмунд, но тој претрпе сериозна повреда поради која не играше многу време и забележа само 12 натпревари во Примера. Минатата недела, во изданието „Онда Черо“ излегоа информации дека Барселона планира да го искористи Дембеле во зделката за привлекување на Еден Азар. Но, тогаш оваа гласина беше отфрлена од каталонците и рекоа дека тој не е за продажба. Сепак, од „Камп Ноу“ може да ја преиспитаат својата одлука ако добијат добра понуда за Дембеле. Покрај тоа, играчот исто така беше незадоволен од привлекувањето на Малколм од Бордо, кој ќе биде сериозен конкурент за место во стартните 11.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2018 11:08