Грција и Македонија реагираат на обидот на Москва да ги „подгрее“ немирите поради компромисот на двете земји, а пропагандниот одговор на Кремљ гласи дека сите играат како што свири Америка, пишува политичкиот аналитичар Константин фон Егерт во коментар за Дојче веле за фијаското на руската политика на Балканот.

Фамозната „вашингтонска свирка“ некогаш била симбол на импотенција и глупост на советската пропаганда, а денес судејќи според руското Министерство за надворешни работи и државната телевизија, Американците „свират на трубата Ерихон, по чии тонови не играат само вероломните балкански народи“.

- По тие ноти игра и Германија, предводена од Ангела Меркел, и воопшто цела Европска унија, вклучувајќи ја и Тереза Меј со целиот кабинет. Вистина, тоа со Меркел е „пукање во празно“. Доналд Трамп, кој благодарејќи на функцијата ја поседува „трубата Ерихон“, верува дека Меркел игра според музиката на московската балалајка бидејќи се согласува со изградбата на Северен тек 2 и дава многу малку финансии за воените трошоци. Засега е непознато како се однесува официјална Москва кон тоа. Веројатно Меркел ќе мора да признае дека е двојна агентка на ЦИА и КГБ, пишува Фон Егерт.

Тој понатаму наведува дека политиката на Москва на Балканот претставува бесконечен стрип за грубост, ароганција и историско незнаење, во кој Владимир Путин ја има улогата на руски император.

- Во тоа сценарио Балканот е територија населена со прости селани, кои му се молат на рускиот цар како заштитник и чувар на верата пред католичките еретици од Виена и мухамеданците на цариградскиот султан. И тоа се случи, по наредба од Петроград (денешна Москва). Кој ќе си дозволи себе си непослушност, ќе биде казнет, наведува политичкиот аналитичар.

Фон Егерт додава дека по крвавит распад, вклучувањето на поранешните републики на Југославија во ЕУ или НАТО станало главна цел на елитите на балканските држави кои не сакале реприза на војните од 90-те години, етнички чистења и бегалски колони.

- Ако се подготвени да го продадат својот суверенитет, секако тоа нема да го направат на Москва. Нови генерации растат во тие држави, кои тежнеат кон ЕУ и НАТО. Европејците и Американците, секако, тоа го гледаат како позитивен развој, но веќе немаат привлечност како претходно, оценува Фон Егерт.

Тој заклучува дека не треба да се очекува самокритика во Москва, бидејќи, според него „многу е полесно се да се објасни со интригите на Вашингтон и неговата агентка Меркел, отколку да се признае дека долгорочните успеси не доаѓаат доколку целата стратегија е варварска дрскост, помешана со безграничен цинизам и потпирање на корупција во меѓународните односи“.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2018 11:10