Палестински радикали од Појасот Газа синоќа истрелале девет ракети против Израел од кои едната била пресретната од системот за противвоздушна одбрана „Железна купола“, соопшти прес-службата на израелската армија.
Повеќето ракети паднале во ненаселени подрачја или во близина на граничната ограда, стои во соопштението. До моментов нема податоци за загинати луѓе или причинета материјална штета.
Израелската армија вчера нападна и уништи седум позиции на Хамас во Газа, откако палестински снајперист претходно рани израелски офицер. Според палестински здравствени власти, во нападите биле убиени тројца Палестинци.