На тромеѓето на американските сојузни држави Вајоминг, Монтана и Ајдахо, се наоѓа местото наречено „Зона на смртта“, кое е дел од националниот парк Јелоустоун, каде американските закони, технички, не важат, се вели во труд подготвен од професорот Брајан Калт од Државниот Универзитет на Мичиген.

Во есејот под наслов „Совршено злосторство", проф. Калт објаснува дека иако голем дел од паркот му припаѓа на Вајоминг, мали делови се наоѓаат и во Монтана и Ајдахо. Меѓутоа, ставот на Конгресот е дека цел парк е под Вајоминг, што се чини разумно, но токму поради тоа се јавуваат проблеми...

Доколку во тоа мало подрачје од Јелоустоун кое се наоѓа во Ајдахо, се случи злосторство, не може да се поведе судски процес. Според Шестиот амандман, обвинетиот има право на судење со порота од државата во која го направил злосторството, а тоа не може така лесно да се разреши.

Парадоксот е во тоа што формално, Јелоустоун му припаѓа на Вајоминг, а „Зона на смртта“ - која исто така формално е дел од Јелоустоун, е вон таа сојузна држава.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2018 13:05