Алваро Мората се согласил да ја продолжи својата кариера во Милано, но Челзи сака сума од 65-70 милиони евра за шпанскиот напаѓач, што во моментов не е во силите на „росонерите“, тврди „Скај Италија“. Милан сака да привлече врвен напаѓач до крајот на летниот трансфер прозорец. Другиот играч кој е во видното поле на „росонерите“ е Гонзало Игуаин. Мората дал согласност да се врати во Италија и се разбрал за своите лични услови со Милан, но Челзи бара несразмерно висока трансферна цена за поранешниот фудбалер на Јувентус и Реал Мадрид. Радамел Фалко е трета опција пред Милан за нов напаѓач. Претставниците на Челзи се во Италија да разговараат со Милан за можна продажба на Мората.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2018 14:50