Во пожар што изби во зграда во изградба во Тама сити, западно предградие на Токио, починаа најмалку две лица, а околу 40 се повредени.

Во недовршената зграда има заробени луѓе.

На местото на несреќата има над 70 противпожарни возила и на брзата помош.

Зградата зафатена од пожар има три ката над земја и три ката под земја. Кога избил огнот на објектот работеле околу 300 лица.

Се претпоставува дека пожарот е предизвикан откако се запалил градежен материјал во последниот подземен кат.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2018 14:55