Манчестер јунајтед испрати понуда од 65 милиони фунти до Лестер за фудбалерот Хери Мегваер.

Според англиските медиуми Мегваер изразил желба да премине во Јунајтед, но Лестер сака да го задржи 25-годишниот англиски репрезентативец, откако минатата сезона беше прогласен за најдобар играч во клубот.

Освен одлична сезона во дресот на Лестер, тој беше еден од најдобрите играчи на Англија на Светското првенство во Русија.

Мегваер минатото лето во Лестер дојде од Хал за сума од 17 милиони фунти.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2018 16:23