Компаниите ДОО Гинис 3Д Прилеп и КАСТ ИНВЕСТ ДОО Скопје, кои добија средства за инвестициски проекти од Фондот за иновации и технолошки развој, ги повлекле проектите.

- До Фондот за иновации и технолошки развој се пристигнати две известувања за повлекување на два инвестициски проекти на компаниите: ДОО Гинис 3Д Прилеп за проектот „Гинис принт 2018“ со побарани средства од Фондот во износ од 9.999.338,40 денари и сопствено учество од 23.331.789,60 денари и КАСТ ИНВЕСТ ДОО Скопје за проектот „Ја лееме нашата иднина“ со побарани средства од Фондот во износ од 9.990.000,00 денари и сопствено учество од 23.310.000,00 денари, соопшттија од ФИТР.

И двете компании беа добитници на средства под инструментот технолошки развој, стои во соопштението од Фондот за иновации.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2018 16:41