Треба да бидете слеп за да не ги видите капиталните инвестиции, се градат патишта на сите страни, му порача денеска премиерот Зоран Заев на пратеникот Драган Цуклев.

Според Заев, за 66 отсто е зголемена вредноста на одобренијата за градби, пет до десет тендери се распишуваат на десет дена, а желба на Владата е, покрај големи странски компании, да има и што повеќе домашни. Процесот во нискоградбата е раздвижен и резултатите ќе дојдат.

- Македонската економија заживува. Преформансот во делот на капиталните инвестици расне. Земјата е атрактивна за странските и домашните компании. Тие се охрабрени, земаат кредити од банките и вложуваат, истакна Заев.

Тој најави дека ако правните тимови до крајот на јули го завршат анекс-договорот со ТАВ, ќе почне нова активност вредна 115 милинои евра, многу значајна во градежништвото.

Во врска со браната Конско, премиерот објасни дека е пуштена во јуни зашто една година траело изготвувањето на потребната документација.

- Повеќе од една година видовме што е сработено. Авансот земен, провизиите исплатени, а процесот застанат. Седнавме со изведувачите, баравме да бидат ангажирани што повеќе локални компании. Мораше многу да се работи за да се среди проектната документација, рече Заев.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2018 21:41