Јеменските Хути бунтовници соопштија дека денеска извршиле дрон напад врз аеродромот во Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати.
Засега нема информации дали при нападот има загинати луѓе или е предизвикана материјална штета.
Аеродромската управа информираше за инцидент со логистичко возило, но не прецизираше дали се работело за напад од надвор.
Обединетите Арапски Емирати се дел од сунитската коалиција предводена од Саудиска Арабија, која војува против шиитските Хути во Јемен. Хутите досега извршија повеќе напади врз Саудиска Арабија, при што се обидуваа да го погодат аеродромот во Ријад со крстосувачки проектили, за кои Саудиска Арабија тврди дека им биле доставени од Иран.