Претседателите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, денеска се сретнаа во рамките на самитот на БРИКС групата држава во Јоханесбург.

Ердоган беше поканет на средбата на групата држави во развој во која членуваат Русија, Кина, Индија, Бразил и Јужна Африка. За време на средбата, Ердоган оценил дека блиската соработка меѓу двете земји предизвикува вознемиреност во други држави, јави новинската агенција ТАСС.

- Нашите билатерални односи се во подем. Тоа се гледа и во справувањето со кризите, пред се сириската криза, како и во економијата, изјави Путин на средбата.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2018 00:46