Северна и Јужна Кореја се договорија во вторник да одржат воени преговори во услови кога двете страни настојуваат да го искористат затоплувањето на односите со цел ублажување на затегнатоста.

Јужнокорејската новинска агенција Јонхап соопшти дека воените преговори на ниво на генерали ќе се оддржат во пограничното село Панмунџом во демилитаризираната зона која ги дели двете Кореи. Програмата за средбата се уште не е позната. Пред овој состанок последните воени преговори меѓу двете земји беа одржани во јуни.

Северна и Јужна Кореја на 14 јуни водеа воени преговори во Панмунџом првпат по повеќе од десет години. Двајца генерали од двете страни се сретнаа два дена откако американскиот претседател Доналд Трамп го најави планот за прекин на заедничките вежби со Јужна Кореја.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2018 11:53