Еквадор преговара со британската Влада за ситуацијата со основачот на Викиликс, Џулијан Асанж изјави денеска еквадорскиот претседател Ленин Морено.

Британскот весник Сандеј тајмс претходно објави дека високи претставнивци на Еквадор и Британија разгледуваат како да биде преместен основачот на Викиликс од дипломатската мисија по поништување на неговиот азил. Извор близок до Асанж вели дека ситуацијата е во решавачка фаза.

Морено ја даде изјавата во Мадрид, дека Австралијанецот Асанж ќе мора да ја напушти Амбасадата каде живее од 2012 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2018 13:19