Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во јуни 2018 година се пониски за 0.3 % на месечно ниво, а за 0.8 % на годишно ниво, соопшти Државниот завод за статистика.

Во јуни 2018, во споредба со мај годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 0.6 %, Капитални производи за 0.3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.1 %.

Во споредба, пак, со јуни 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија 7.3 % и Капитални производи 0.6 %.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2018 13:22