Асоцијацијата „Глобал бизнис травел“ соопшти дека се очекува во 2019 година авионските билети да поскапат и до седум отсто, додека цените во хотелите може да се зголемат до пет проценти.

Предвидувањата за 2019 година покажуваат дека зголемувањето на цените на хотелите ќе биде поттикнато од зголемената побарувачка за авионски летови.

Според извештајот, поради високите цени на нафтата, најголем број авиокомпании сега се во загуба, поради што цените на воздушниот сообраќај ќе се зголемат, а како резултат на тоа има зголемување на цените и во туристичката индустрија.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2018 13:51