Највозрасната личност на светот, Јапонката Чијо Мијако почина на 117 години, соопшти гувернерот на областа Канагава, што се наоѓа јужно од Токио, и каде што живееше старицата.

Мијако е родена на 2 мај 1901. За најстара личност на светот беше прогласена во април, по смртта на Наби Таџима, исто така Јапонка, која почина исто на 117-годишна возраст.

Мијако беше љубител на калиграфија, суши и јагули.

Според јапонското Министерство за здравство, моментно највозрасната личност на светот е Кане Танака од Фукуока (115).



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2018 14:13