Коди Ферн ќе ја глуми „клучната улога“ во осмата сезона од „Американска хорор приказна“, објави „Варајети“.

Ангажманот на младиот глумец во серијата „Американска крими приказна: Убиството на Џани Версаче“, се чини, било полн погодок за продукциската куќа Еф-икс, инаку креатор и на двете серии.

Поднасловот на новата сезона од „Американска хорор приказна“ ќе биде - „Апокалипса“.

Ферн ќе се појави и во последната, шеста сезона на „Куќа од карти“.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2018 15:05