Се поголем број Британци се незадоволни од работата на премиерката Тереза Меј и нејзината Влада, покажуваат резултатите од најновата анкета.

Помалку од една третина од испитаниците позитивно ја оценија работата на премиерката Меј и Владата.

Само 30 проценти се изјасниле дека се задоволни од работата на Меј, што е пад за пет отсто во споредба со резултатите од анкетата спроведена на 22 јуни годинава.

Според анкетата, и рејтингот на британската Влада бележи пад од осум проценти. Во јуни 30 отсто од исптитаниците изјавиле дека се задоволни од работата на Даунинг стрит 10, додека овој месец ја поддржуваат само 22 проценти од испитаниците.

Анкетата е изработена за „Ивнинг стандарт“ од страна на агенцијата Ипсос МОРИ во периодот од 20 до 24 јули на примерок од 1.023 возрасни лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2018 15:16