Топлотниот бран што ја зафати западна и северна Европа кулмнира денеска, но високите температури ќе продолжат и во текот на викендот, превидуваа метеролозите.

Летните горештини предизвикаа проблеми во сообраќајот, при што железничката врска меѓу Велика Британија и Франција се одвиваат со повремени прекини поради опасноста по сигналните системи, како и претерано згреаните кабини.

Бројот на билети што се издаваат за желзничката линија под каналот Ламанш беше намален за 8.000, за да се скратат огромните редици и да се обезбеди полагодно патување.

Температурата во Велика Британија достигна рекордни 38 степени и вообичаено зелениот и врнежлив остров се соочува со неколкунеделна суша.

Половина од 30-ината метеролошки станици во Холандија јавија дека регистиррале рекордни температури, кои трет ден по ред надминуваат 30 степени Целзиусови

Мост над канал во холандската област Фризланд морал да биде затворен поради тоа што челикот се изобличил од горештината и веќе не може да се крева за минување на бродовите, а поради слични проблеми затворени се и 12 мостови во Амстердам.

Во зоолошка градина во Апелдорн, чуварите на макаки мајмуните забележале неверојатни 50 степени во нивниот кафез.

Најниската ноќна температура во Париз изнесувала 24,6 степени, што е најтопла ноќ од 1976 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/07/2018 01:52