Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека разгледува опции за организирање средба меѓу шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Мајк Помпео, која би се одржала на маргините на некој меѓународен собир.

Како што соопшти рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, засега „на практичен начин“ не е разговарано за посета на Помпео на Русија.

- Засега ја разгледуваме можноста за средба на министерот Лавров и државниот секретар Помпео на маргините на некој меѓународен форум, но како и претходно постојат одредени проблеми околу усогласување на нивните распореди, нагласи Рјабков.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/07/2018 02:04