Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави дека десничарските партии ќе имаат голем успех на претстојните избори за Европскиот парламент, што ќе придонесе за подем на христијанската демократија и за крај на либерализмот. Во своето обраќање до Унгарците од соседна Романија во Баиле Туснад, премиерот Орбан рече дека изборите во 2019 година ќе бидат клучни за иднината на Европа.

- Големата цел на западната ЕУ „елита“ е да ја трансформираат Европа, да не однесат во пост-христијанската ера, во ера во која нацијата исчезнува. Овој процес може да биде запрен на европските парламентарни избори. Во наш суштински интерес е да ја запреме оваа трансформација, изјави Орбан.

Унгарскиот премиер рече дека политичките групи кои се претставуваат под паролата „либерална демократија“ дејствуваат недемократски и не прифаќаат никакви спротивни гледишта. Орбан рече дека христијанската демократија за која што се залага тој не е либерална, туку е илиберална.

- Се соочуваме со еден голем момент, кога и велиме збогум не само на либералната демократија туку и на елитата од 1968 година, изјави Орбан, алудирајќи на поранешните студентски активисти кои сега се на водечки функции во Европа.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2018 00:42