Пилотот на Мерцедес Луис Хамилтон ги освои квалификациите на патеката „Хунгароринг“ пред Гран При на Унгарија, 12-та трка од светскиот шампионат во Формула 1, која се одржа во исклучително тешки услови.

Втор заврши неговиот колега Валтери Ботас, а топ 3 беше надополнет со Кими Раиконен со Ферари.

Себастијан Фетел, исто со Ферари, ќе стартува веднаш зад својот тимски колега, а петти заврши Карлос Сајнц Џуниор (Рено).

Верстапен забележа само 7-мо место, а вториот Ред Бул на Даниел Рикардо не ја помина втората квалификациска фаза и ќе започне утре од 12-тото место.

Унгарското Гран-при се вози утре од 15.10 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2018 00:52