Мексиканските власти соопштија дека пет лица се убиени, а тројца повредени откако вооружени напаѓачи влегле во една продавница во близина на ресторан во летувалиштето Канкун и отвориле оган врз група полицајци.

Властите во мексиканската сојузна држава Кинтана Ро потврдија дека е убиен еден полицаец, а „меѓу ранетите или настраданите нема туристи, ниту странци“.

Обвинителството нагласи дека се убиени четворица вработени во продавницата, која се наоѓа на патот меѓу Пуерто Хуарес и Пуерто Сам, од каде голем прој посетители заминуваат на островот Исла Мухерес во Карипското Море.

Мексиканското Министерство за внатрешни работи неодамна соопшти дека бројот на убиства во таа земја во првите шест месеци од годинава се зголемил за 16 отсто, достигнувајќи 15.973 загинати.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2018 01:20