Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ги предупреди САД да внимаваат на своето однесување, бидејќи им се заканува да загубат многу важен сојузник. Односите меѓу двете земји се затегнати поради американското одбивање да го екстрадираат Фетула Ѓулен, како и турското апсење на американски протестантски свештеник.

Освен за апсењата, двете земји спорат и за набавката на оружје. Во интервју за турската телевизија ТРТ Абер, Ердоган најави меѓународна арбитража доколку САД се повлечат од договорот за снабдување на Турција со најмодерните борбени авиони Ф-35. Откажувањето на договорот е една од можните санкции кои ги најави американскиот претседател Доналд Трамп, доколку Турција не го ослободи свештеникот Ендрју Брунсон, кого го товари за поврзаност со Ѓулен.

Во интервјуто, Ердоган најави и нова иницијатива за мир во Сирија. Тој рече дека ќе свика самит на Русија, Германија и Франција, посветен на Сирија, во текот на септември.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2018 12:01