Во Камбоџа денеска се одржуваат парламентарни избори на кои се очекува лесна победа на владејачката Камбоџанска народна партија на долгогодишниот премиер Хун Сен. Најголемата опозициска партија, Камбоџанската партија за национален спас (ЦНРП), беше расформирана во ноември 2017 година со одлука на судот, а нејзиниот лидер Кем Сока осуден на затворска казна поради предавство.

Премиерот Хун е на власт веќе 33 години, и се очекува единствен посериозен отпор да дојде од Нородом Ранарид, син на кралот Нородом Сихамони.

ЦНРП повика на бојкот на изборите, а парламентарната конференција од областа АСЕАН оцени дека се работи за недемократски избори, јави новинската агенција ДПА.

Право на глас имаат 8,3 милиони жители на Камбоџа, а тие ќе изберат 125 пратеници во Националното собрание.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2018 20:11