Подзаборавената и сериозно компромитирана личност на Линдзи Лохан повторно е на пат да ги освои лајфстајл порталите ширум светот, но не сме убедени дека ќе биде премногу долго, имајќи ја предвид историјата на актерката.
Оваа недела „Пејџ Сикс“ соопшти дека Лохан започнува снимање на сопствено реално шоу во август, што ќе се врти околу клубот, кој актерката го има во Миконос, Грција.
Продуценти на преносот ќе бидат истите луѓе кои ги направија „Keeping Up With The Kardashians“ и „Road Rules“. Се очекува шоуто на Линдзи да е во вообичаениот, за слични продукции, интригантен за широкиот мејнстрим, формат.
Во секој случај, не очекуваме чуда од самата Линдзи чија ѕвезда изгреа во Холивуд уште како тинејџер, но зајде брзо во друштво на Парис Хилтон, многу кокаин и алкохол, и посети во центри за рехабилитација.
До денес, 32-годишната актерка поседува малку од свежиот шарм и убавиот изглед со кој ја паметиме од почетокот на кариерата. Актерката повеќе години помина по разуздани забави, трошејќи неконтролирано и во одреден момент, тотално исчезна од радарот на фановите.
Новото шоу, сепак, не ветува враќање на нејзината стара слава.