Јавното обвинителство на Анкара нареди апсење на 19 лица, кои порано биле вработени во универзитетот Гази, поради наводни врски со движењето на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат дека е организатор на неуспешниот државен удар од 2016 година.
Според агенција Анадолија, единици на антитерористичката полициска единица спровеле операција против групата и досега уапсиле 10 лица.
Еден од осомничените 19 „ѓиленисти“ е во странство, а по другите се трага во Турција.
Турските власти интензивно трагаат по лица за кои тврдат дека се поврзани со Ѓулен во повеќе држави низ светот и бараат нивна екстрадиција во Турција.