Полицијата во Таџикистан информираше дека четворица странски велосипедисти загинале, откако во нив намерно удрило возило, со што тие најверојатно биле цел на терористички напад.

Седумчлената група велосипедисти од САД, Швајцарија, Холандија и Франција биле прегазени вчера во рурален дел од земјата, околу 90 километри југоисточно од главниот град Душанбе.

Првичните информации беа дека групата била прегазена од возач кој потоа побегнал од местото на настанот, но полицијата денеска информираше дека по ударот врз нив, напаѓачите проболе еден од велосипедистите со нож.

Поради тоа случајот се истражува како терористички напад или обид за грабеж.

Таџикистанската полиција убила еден од осомничените напаѓачи, уапсила уште еден, а по тројца се трага.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2018 13:01