Хеликоптер од марката „Бел 429“ денеска се урнал на паркинг во кинескиот главен град Пекинг.
Откако забележал дефект, пилотот го насочил хеликоптерот подалеку од густо населените делови на градот и принудно го спуштил на празен паркинг.
Немало повредени на земја, а пилотот и тројцата патници претрпеле полесни повреди.
Леталото било сопственост на компанијата „Реинвуд Стар“. која соопшти дека ја испитува причината за несреќата.